ВМРО-ДПМНЕ: Димитров е вмешан во аферата „Рекет“

76

Никола Димитров е вмешан во аферата „Рекет“. Сведок во процесот кажа дека информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиони евра, кој подоцна го известил Димитров за криминалот и рекетирањето од страна на омилените медиумско-обвинителски партнери на Заев, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека наместо веднаш да го пријави криминалот за кој бил информиран, Димитров го прикрива и премолчува.

-Кои се мотивите за ваквото однесување, треба да утврди некоја идна истрага. Самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да испитаат дали причините се лукративни или на тој начин си ја обезбедувал љубовта и довербата на Заев. Димитров пред неколку месеци прво излажа дека не бил запознаен со рекетирањето, а подоцна рече дека постои белешка за разговорот со амбасадорот. Доколку службен документ постои јавноста има право да знае што има во него. Никола Димитров да не го сокрива документот и да не ја прикрива вистина. Нека го предаде во обвинителството, заради тоа што самиот е свесен дека по закон се одговара за прикривање на кривично дело. Со изјавите дека тој не е вмешан и немал никакви сознанија, министерот за надворешни работи се дави во вртлогот на лаги исто како и неговиот патрон Заев, чија вмешаност во овој случај е очигледна. Кого се обидува да штити Димитров?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, одговорност мора да има, ако Димитров знаел за рекетирањето, а истото не го пријавил, самиот е вмешан во најкриминалната афера на оваа крими влада којашто ја штити.

-Вистината излегува на виделина. Димитров и Заев нема да можат да се скријат од одговорноста којашто ќе биде побарана за да биде намирена правдата по 12-ти април, децидни се од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.