ВМРО-ДПМНЕ: Димитров ја продолжи праксата на Заев на манипулации и поделби на граѓаните

Mнистерот за надворешни работи Никола Димитров, пред граѓаните на Куманово ја продолжи праксата на неговиот претпоставен Зоран Заев базирана на манипулации и поделби на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно дека Димитров исто како и Заев смета дека сто пати кажана лага станува вистина, па така тој вечерва се обидуваше капитулантскиот договор со Грција да го прикаже како успех и крупен исчекор. Му порачуваме на Димитров дека уште милион пат да ја повторува таа лага нема да му успее. За граѓаните на Република Македонија тој договор ќе остане капитулантски договор кој значи бришење на Република Македонија, бришење на македонскиот идентитет, македонската традиција, култура и историја. Никола Димитров исто како и Зоран Заев се прочитани од граѓаните во Република Македонија кои ниту им веруваат ниту им даваат поддршка на нивните штетни, антидржавни и криминални политики. Граѓаните на Република Македонија се за НАТО и ЕУ, но се против лагите, манипулациите и штетните политики на Димитров и Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.