ВМРО-ДПМНЕ до Османи: Сериозните национални и државни теми не се решаваат по телефон

Изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи само ја потврдува несериозната дипломатија која се води по прашања кои се од витален национален и државен интерес. Вакви сериозни теми и прашања не се решаваат со телефонски разговори, бидејќи Македонија не е Шведска, а Балканот не е Скандинавија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потребен е национален консензус и јасни црвени линии, за што се залагаше ВМРО-ДПМНЕ уште пред цела година кога повикавме на носење на Резолуција во Собранието на Република Македонија.

Ако Османи ги негира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тогаш треба да каже што се разговарало на средбата со неговата бугарска колешка?

Јавноста со право прашува дали на повидок е нова свиткана кичма и нови уставни измени под притисок на Бугарија?

Искуството говори дека кога Заев нешто преговара, тогаш може да се очекува пазар кој Македонија и граѓаните скапо го плаќаат. Заев покажа дека е подготвен да распродаде се само за да ја зачува фотелјата и да ги заштити своите криминални и бизнис интереси.

Јавноста чека одговори, а не шеговити досетки за вака сериозни национални и државни прашања, велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.