ВМРО-ДПМНЕ: Доколку Заев не ја поддржи Резолуцијата ќе остави сомнеж дека во заднината преговара и планира нови отстапки кон Бугарија

Премиерот Зоран Заев и СДСМ по стоти пат го покажаа својот деструктивен карактер за Македонија и македонските интереси, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и СДСМ го одбегнуваат гласањето на Резолуцијата во Собранието и бараат изговори во тривијални работи. Доколку СДСМ навистина се согласува со текстот на Резолуцијата, тогаш нивните пратеници треба веднаш да ја поддржат истата, во спротивно се остава впечаток дека Заев бега и не сака да ја гласа Резолуцијата затоа што во заднината преговара и планира нови отстапки“, велат од опозициската партија којашто го понесе во Собранието Предлог-резолуцијата за поставувањето на македонските „црвени линии“ во преговорите со Софија.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, порачуваат дека доколку премиерот Заев „продолжи да си игра“ со македонските национални интереси на целата јавност ќе ѐи стане јасно дека тој далеку од вниманието на јавноста прави нови штетни отстапки.

„Со одбивањето да ја поддржи Резолуцијата, Заев оди спротивно на изградените позиции кои се прифатени од општата експертска јавност и општествено политичките чинители во државата, а се плод на ставовите на МАНУ, УКИМ, МПЦ ОА“, велат од ВМРДО-ДПМНЕ во обраќањето до јавноста и бараат од премиерот и лидер на владејачката СДСМ да се „надмине себеси“ и да ја  поддржи Резолуцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.