ВМРО-ДПМНЕ доминира со советници во Скопје, опозицијата во водство со околу 23.000 гласа пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ води со околу 23.000 гласа разлика пред СДСМ во Советот на Град Скопје.

Од обработени 90,95 отсто на гласовите, според Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ освоила 69.454 гласа, а СДСМ освоил 46.407. На трето место е ДУИ со 26.261 глас, четврта е Левица со 17.516 гласа, Алијанса за Албанците има 11.411 гласа, ЛДП/ДОМ – 8.083 гласа, БЕСА – 2.296 гласа.

Од запишани 467.373 гласачи, на гласање излегле 205.635 граѓани. За Советот на град Скопје досега има 10.843 неважечки ливчиња.