ВМРО-ДПМНЕ достави докази за корупција во Националната aгенција за eвропски образовни програми и мобилност

СДСМ успеа за две години Македонија да ја стави највисоко на листата по коруптивни практики во светот. После драстичниот пад на Transparency International сега објавуваме веќе една недела информации за коруптивното однесување во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, истакна на денешната прес-конференција  Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бидејќи одговор од институциите под контрола на Зоран Заев нема денеска ги собираме сите наши наводи, информации, докази кои ги имаме и ги доставуваме до канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Се надеваме дека институциите на ЕУ во едни солидни транспарентни процедури и практики ќе востановат дали постојат информации за коруптивно однесување за кои ние ги изразивме наводите изминатите неколку дена“, истакна Андоновски.

Посочи дека ги повикуваат сите институции, приватни лица и организации да допрат до нас со информации кои ги имаат за наводи за други коруптивни практики од Националната Агенција и им ветуваме дека нудиме бескомпромисна борба против корупцијата, против криминалот и ветуваме транспарентно однесување на институциите штом ВМРО-ДПМНЕ ја преземе власта во Република Македонија.