ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за Спасовски по иницијатива на Алијансата и Алтернатива

Ќе ја поддржиме поднесената интерпелација за министерот Оливер Спасовски од страна на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Ќе ја поддржиме бидејќи сметаме дека не може да биде објаснување дека системот потфрлил кога тој систем има луѓе кои што се избрани и на кои што им е дадена довербата да го водат истиот. Така да во ова фијаско, овој скапо платен циркус кој што се случи изминативе денови треба да има одговорност“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ за „Утрински Брифинг“.

Стојаноски додаде дека барањето за одговорност од Владата за бегството на Мијалков не стига само од опозициските партии туку и од политичарите кои што се предводници на партиите кои што се дел од коалицијата на СДСМ.

„Ова е само еден чекор, ние поднесовме постапка за интерпелација, па да видиме кој од мнозинството ќе не поддржи нас како опозиција, заради тоа што треба да покажат дека не само граѓаните кои што гласале за опозицијата се жедни за одговорност, туку и оние граѓани кои што нив ги гласале. Од аспект на интерпелацијата за Владата ќе ја поднесеме кога ќе се создадат услови, ние на нејзе работиме. И јас сметам дека кога ќе ја поднесеме јавноста ќе биде известена, но сепак пред тоа треба да се собере она мнозинство за да може да се изгласа дневен ред.“, појасни Стојаноски.

Стојаноски посочи дека пратеничката група на ВМР-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ има поднесено неколку интерпелации. А, за поднесените интерпелации за жал се чека со недели за да се стават на дневен ред.