ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршеше клучката кај Момин поток, Богоев и Шилегов и покрај целата наследена документација не сработија ништо, рече Јаревски

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев од СДСМ, исто како и неговиот сопартиец и скопски градоначалник Петре Шилегов, преспа четири години, откако  2017 година, двајцата како капитална инвестиција ветуваа продолжување на булеварот „Илинден“ со мост преку Вардар кон населбата Ѓорче Петров, со тоа општина Карпош ќе добиеше директно приклучување на скопската обиколница и во значителна мера ќе се растеретеше сообраќајот во овој дел од градот. Четири години подоцна ниту мост има, ниту булеварот „Илинден“ е продолжен, коснтаираше во вторникот Тони Јаревски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош.

„Богоев не го направи ниту паркот во општина Карпош кој беше планиран зад хотелот „Александар Палас“. Наместо парк граѓаните добија депонија, молк, сомнителни дејствија и криминал. Наместо реални и реализирани проекти, Богоев и Шилегов продаваат евтин маркетинг“, рече Јаревски.

Посочи дека клучката кај локацијата Момин поток, чија изградба претходно денеска беше најавена, одамна ќе беше во функција доколки на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во времети на владеењето на неговата партија била подготвена неопходната документација за градење.

„Општинските и градски власти од ВМРО-ДПМНЕ оставија целосна документација, и доколку Шилегов не беше таков неработник досега ќе користевме готова клучка и кружен тек. Сега имаме нецелосно сообраќајно решение што претставува тесно грло и имајќи го предвид нивниот капацитет, дополнително ќе влијае на сообраќајниот хаос во следните неколку години во овој дел од Општина Карпош и Градот Скопје“, рече Јаревски.

Ги предупреди граѓаните дека доколку на двајцата споменати локални фунцкионери од владејачката партија им биде оставена рализиацијата на овој зафат, ќе минат уште долги години, затоа како што посочи Јаревски, Богоев и Шилегов се заинтересирани за зделки од кои имаат лични профити и работат само пред избори.

„Но затоа пак уште до крајот на оваа година ќе привршат огромните зградурини деновиве што никнуваат покрај булеварот Илинден. Шилегов и Богоев работат без план и кампањски пред избори свесни за слабиот рејтинг отпочнуваат проекти кои доколку беше ВМРО-ДПМНЕ одамна ќе беа реализирани. Затоа на следните избори граѓаните ќе имаат лесен избор и ќе донесат правилна и вистинска одлука.“, заклучи Јаревски.