ВМРО ДПМНЕ ќе бара измени на пензискиот Закон

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата денеска во Собрането на Република Македонија ќе поднесе предлог закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој повторно бараме да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите. Со овој предлог закон пензионерите ќе продолжат да си го добиваат заслуженото покачување на пензиите. Со овие законски измени што ги предлагаме ќе се укине штетниот закон кој го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од околу 500 денари на над 310 илјади пензионери“, изјави денеска пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска која додаде:

„Со Предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што го поднесуваме се врши враќање на предходното законско решение со кое се вршеше усогласување на пензиите на многу поповолен начин отколку со измените кои што ги спроведе Владата на СДСМ во овој закон. Со законските измени на СДСМ се врши усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување. Власта веќе три години брутално манипулира и си игра со трпението и достоинството на пензионерите.“

-Наместо ветеното зголемување на пензиите, пензионерите од СДСМ добија кратење на пезиите на тој начин СДСМ им ја намали куповната моќ. За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и кога е на власт и кога е во опозиција секогаш е тука и се грижи за потребите на граѓаните со посебен респект на пензионерите. Апелираме до колегите од парламентарното мнозинство да го прифатат овој предлог закон кој што ќе го подобри квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани, потенцираше Митовска.