-ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажува својата европска ориентираност и присуство на најважните настани во ЕУ. Овој конгрес се смета за најголемиот европски собир кој се случува затоа што станува збор за собир на најголемата партија во Европскиот парламент, тоа е Европската Народна партија, каде што ВМРО-ДПМНЕ е членка, вели Стефан Андоновски меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Андоновски истакна дека на Конгресот на ЕПП се избира предводник на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет.
-Не треба премногу да зборувам за важноста на настанот, туку што во вашето вклучување покрај нас на 3 метра помина Урсула Фон Дер Лајен претседателката на ЕК. Како и вие што кажавте активно учествуваме на овој конгрес. Многу е важен затоа што се избира водачот предводникот на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет. Тоа ќе биде токму Урсула Фон Дер Лајен и се очекува дека и ние ќе ја дадеме поддршката за вкупните случувања во ЕУ, за подобра ЕУ, за ЕУ која е ориентирана кон Западниот Балкан, ЕУ која вистински ќе се грижи за реформи, за економски реформи за напредок, но во исто време ќе ги вклучува и земјите од целиот Западен Балкан при што и Македонија, рече тој.
Андоновски информираше дека на оваа посета ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со претседателот на ЕПП Манфред Вебер, претседатели и премиери на држави од регионот и од Европската унија.
-Ние денеска ќе учествуваме на бројни билатерални средби со највисоките претставници на ЕУ, претседателот на ЕПП Манфред Вебер исто така е планирана состанок. Претседатели и премиери на држави од регионот, од ЕУ со кои што исто така планираме состаноци и мислам дека ќе биде ова уште еден многу успешен Конгрес на ЕПП, и многу успешно одбележување на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на нашите активности тука, заклучи Андоновски.