ВМРО-ДПМНЕ е народна и партија од народот, од тука го црпи легитимитетот, додека СДСМ се салонски политичари и нивниот крај доаѓа

На последната трибина „Заклучоци од политичкиот саем на промените што нисат иднина – 365 дена отчет на градоначалниците“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати и претседателот професор д-р Христијан Мицкоски, при што констатираше дека ова е историски настан кој што за прв пат се организира во Македонија на кој што подготвени и на отворен начин, избраните од народот градоначалници, даваа отчет за сработеното во изминатата година.
Мицкоски посочи дека тоа и се очекува од избраните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и тоа нема да го видиме од СДСМ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, партија од народот и од тука го црпи нејзиниот легитимитет, додека СДСМ и нејзините градоначалници и функционери се салонски политичари кои не одговараат за сработеното или не сработеното пред народот.
Токму затоа, потенцираше Мицкоски, крајот на нив набргу им доаѓа.
„Ова е историски настан, бидејќи за прв пат, за два дена се дава отчет на сработеното, со отворен гард, подготвени се сите да ги бранат своите дела, да кажат она што е сработено. Тоа нема да го видите од СДСМ. Помина една година и тие имаат неколку мина градоначалници, но тоа нема да го видите, нема да видите како се отворени кон граѓаните, како го презентираат тоа што е сработено, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, од тука го црпи својот легитимитет и само пред народот одговара. СДСМ, градоначалниците и функционерите се салонски политичари, не одговараат пред народот и нивниот крај доаѓа“, истакна Мицкоски.
Додаде дека затоа мора да продоллижеме со работењето и со реализација на ветените проекти и тоа ќе ги направи срекни и задоволни македонските граѓани и само со работа може да се покаже колку ја сакаме државата, затоа што Македонија е се што имаме.
„Да си продолжиме со работењето, да продолжиме со реализација на ветеното, а резултатите ќе бидат тие кои што сите нас ќе не направат и не прават задоволни и среќни, затоа што Македонија е се што имаме. Да живее Македонија, да живее ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше на крај Мицкоски.