ВМРО-ДПМНЕ ќе се избори за повисоки пензии и плати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше интервју за „Економски магазин“ каде што посочи дека примарна задача на владата која што ќе ја преводи ВМРО-ДПМНЕ е да се избори за повисоки пензии и плати.

„Исклучително квалитетен тим работи на економската програма, во споредба со она што го прави денеска владата. Вие имате вицепремиер за економски прашања кој што нема ниту една минута во јавниот сектор стаж“, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека граѓаните не знаат каде нивните пари се трошат.

„Со политичкото функционирање во Владата и Зоран Заев и на луѓето околу него функционираат на една основа прво го украдоа името, украдоа презимето, го понижија идентитетот, ја нарушија гордоста и достоинството на граѓаните. И тоа се за една цел. Како што денеска е руинирана и уништена гордоста никогаш не било така“, истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа дека сето ова се случи само Заев да побегне од лицето на правдата и да не лежи во затвор.

„Втората работа е пљачка, криминал и корупција.Тоа е начинот на кој што владата функционира. А, јас сето тоа го осудувам“, нагласи Мицкоски. Мицкоски подвлече дека тој не е Зоран Заев и не дава лажни ветувања на граѓаните на Република Македонија.

„Ако немате правна сигурност, кога граѓаните не веруваат во правдината, и бизнис заедницата без разлика дали од дома или надвор не може да препознае правна држава вие нема да имате подобра економија. Тоа е суштината на економијата“, повлече Мицкоски.

Мицкоски објасни дека поради ваквото делување на оваа Влада ќе изгубат трајно на избори. Граѓаните ќе ги казнат. „Ние им кажавме на пензионерите дека ова сега што го нуди СДСМ е практично помалку од она кое што ги следуваше согласно законското решение кои што они го поништија и го донесоа новото законско решение кое што важи од 01.01.2019 година. Тоа беше нашиот став. А, во минатото пензиите се ревелираа два пати годишно по два основа.

Првиот основ е порастот на просечната плата. И вториот основ е по порастот на трошоците за живот. Они го укинаа првиот основ, порастот на просечната плата, и ние велиме ако останеа овие два столба врз кои ги добивавте вашите покачени пензии тогаш овие 700/900 денари кои што сега ви ги ветуваат ќе беа многу повеќе. Ќе беа 1200/1300/1500 денари. Затоа ние рековме првиот ден кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе го врати првото законско решение бидејќи ние мислиме дека тоа решение ќе донесе на пензиоерите повисоки пензии“, посочи Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека оваа мерка не е популизам туку принципиелност. И самата мерка и решението е одржливо.