ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните, активната блокада продолжува

СДСМ за овие години од кога е на власт докажа дека работи единствено за своите џебови. Додека граѓаните тонат во сиромаштија, функционерите од СДСМ и ДУИ го оштетуваат буџетот на државата и се богатат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Активната блокада продолжува, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните и на се што не е нужно за државата, а значи оптеретување на буџетот или полза на СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да се определи датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Ковачевски да се охрабри и да се спроведе дијалог за предвремени парламентарни избори. Избори се потребни час поскоро“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.