Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека е потребна лидерска средба за името, на која освен преговарачите во случајот, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе учествуваат и лидерите на политичките партии и претседателот на државата, брифираат од партијата.
Тоа што Заев се уште одбегнува лидерска средба оддава впечаток дека нешто се крие од јавноста. Дотолку повеќе што не се кажува вистината кога се вели дека навремено информирале за деталите од разговорите, нешто што и овој пат се докажува дека не е вистина.
Од ВМРО-ДПМНЕ инсистираат на транспарентност.
„Зоран Заев нема монопол за одлуката врз прашање кое подеднакво ги засега определените, но и оние кои политички не завземаат страна, поточно се однесува на сите граѓани на Република Македонија. Ако нема што да крие тогаш Заев ќе прифати лидерска средба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Засега, оправдувањето на владата дека немало лидерска средба затоа што било тешко усогласувањето на термините е неоправдано, бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека досега никој не го исконтактирал претседателот на партијата за евентуален можен термин за лидерска средба.
Како што е познато лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја прекина посетата на дијаспората во Италија и побара лидерска средба.
Тој во среда ќе учествува на самитот на Европската Народна Партија кој ќе се одржи во Софија.