ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на заболени од Covid-19 удри врз граѓаните

Половина милион евра за магариња и фризерници, милиони за тендери, барем дел од тие пари кои СДСМ ги дели на своите послушници да завршеа во здравството сега немаше да сведочиме на најголемата бројка на заразени од коронавирусот досега, се истакнува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија потсетува дека во саботата „поради неспособноста и негрижата“ на владејачктата СДСМ во изминатиот период од појавата на епидемијата, бројката на заболени од Covid-19 се искачи на речиси 600 лица.

„Шесттоитни луѓе, тоа се шестотини лица со име и презиме, луѓе со семејства кои се жртва на вирусот затоа што власта која требаше да донесе стратегија да го намали неговото ширење 6 месеци ништо не прави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека сите болници низ државата се преполни, а СДСМ, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче „го преспаа цело лето“ и не оспособиле нови болнички капацитети, иако беше евидентнот дека доаѓа уште поголем есенски бран на заболени од Covid-19.

„Есенскиот бран на заболени од Covid-19 удри врз граѓаните, а Заев и Филипче уште немаат набавени ниту вакцини против сезонски грип, иако тој чука на врата. Во ризик се најстарите и хроничните болни, тие немаат вакцина која им е насушно потребна. Заев и Филипче се однесуваат како да се изненадени од есенскиот бран на КОВИД. Заев и Филипче само бројат заболени и мртви, како статистичари. Со Заев и Филипче само тонеме“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.