ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ наместо политички одговори да си го погледне својот договор каде еден булдожер за еден час копање заработува 253 евра

Освен политички инсинуации државната ЕСМ ништо не негираше од наводите кои ги изнесе потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски за супер големиот скандал со компанијата Марковски и ископот во РЕК, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Суштината е што и така склучената рамковна спогодба е по цени три пати поголеми од реалните. Договорот вреди 9.2 милиони евра и час копање со само еден булдужер чини 16 253 денари. Кој поединец, кој граѓанин заработува по 16.253 денари за работа за само еден час или 6.300 евра дневно?Кој заработува 6.300 евра дневно или 253 евра по час за сопствената работа, дали има втор случај во Македонија или во регионот или во Европа со вакви цени? Очекуваме ЕСМ да одговори конкретно. Во прилог цените со кои Марковски добива илјадници евра за само неколку часа работа, истакнуваат од опозициската партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.