ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ со Заев е сѐ подалечна цел, сѐ што остана е фотографијата од авионот

Европската унија со Зоран Заев како премиер е сѐ подалечна цел, сѐ што остана е сликата од авионот, лага до лага. Зоран Заев пет години е власт, а три години од фамозната фотографија од владиниот авион каде тој, Бујар Османи, Никола Димитров и Кочо Анѓушев со кренати палци кажаа дека сме добиле датум. Три години датум ниту на повидок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека ЕУ е се подалечна со Заев.

„Иако главно ветување на Заев беше дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, тој целосно потфрли, и не само што не сме членка, ниту пак сме ги почнале преговорите, туку и државата е во најлоша состојба до сега. По индикаторите за корупција и криминал Македонија е на врвот во регионот и Европа. Лошата слика за државата со Заев на чело стана наша лична карта. Државата не може да оди напред со шверцери на дрога, местачи на тендери, криминалци и секакви бандити какви што има во власта. Време е за промени, победи и проекти. А, по промените ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави државата на брза трака за влез во ЕУ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.