ВМРО-ДПМНЕ: Фајзер не им верува на Заев и Филипче, нема испорака на вакцините од Србија – оставки веднаш

Првата пратка вакцини против корона на Фајзер која требаше да стигне од Србија е одложена. Производителот Фајзер вели нема проблем со донацијата која Србија треба да и ја даде на Македонија, спорна е испораката и безбедноста. Значи Фајзер не им верува на Зоран Заев и Венко Филипче. А, нема причина да не и верува на Србија која котира високо на светската листа по број на вакцинирани граѓани или вакцинирани се речиси 10 проценти од населението, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев лаже велејќи дека вакцини нема во Албанија и Босна и Херцеговина. Граѓаните во овие две земји веќе се вакцинираат. Филипче лаже велејќи дека системот е целосно подготвен за процесот на вакцинација против корона. Ако беше подготвен системот, како што вели Филипче, ќе стигнеше и вакцината, ама не стигна. Бескрупулозните лаги на Заев и Филипче чинат здравје, чинат животи, чинат три илјади починати лица. Штетата што тие им ја нанесуваат на граѓаните е непроценлива, велат од партијата.

Тие додаваат дека сите вакцинираат веќе трет месец, а во Македонија нема вакцини ни на повидок. Вакви лаги, вакво дно, вакво поигрување и загрозување на здравјето на граѓаните не е видено! Одговорност мора да има!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.