Наместо да ја стави на најсилно ангажираноста за зголемување на бројот на вакцинирани, министерот за здравство Венко Филипче се фрли во кампања да ги претставува малите „зоранчиња“, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Во секој клучен момент од ковид пандемијата Филипче е секаде, само не онаму кај што треба. Сега кога се вакцинирани околу 40 проценти од населението, Филипче наместо да работи на зголемување на вакцинацијата, тој трча, се слика по маратони, тера маркетинг, потоа се префрлува на терен, но не на оној од каде што зема плата од народни пари, туку на политичкиот, зорановиот, ја трча кампањата за локалните избори. На 17 октомври ќе почне падот на политичарите од типот на Заев и Филипче. По 17 октомври ќе започне нова иднина со проекти“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.