ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да се шета по телевизи да набави вакцини а не да чека донации

Министерот за здравство Венко Филипче наместо да се шета по телевизии, треба да се фати за работа, да набави вакцини, а не да чека донации. Со откажување на донацијата од Србија се покажа дека не може ни да го земе тоа што му го даваат, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по синоќешното гостување на министерот на ТВ 21 во кое говореше за процесот на вакцинација во земјата.

„На Филипче работа му е да набави вакцини, а тој прво се шеташе, молеше за вакцини, наместо да преговара за договори за набавка. И така се случи
за пократок временски период да се дојде до формула за вакцината, да има вакцини од повеќе производители, ама никако да се случи да стигнат вакцини против коронавирусот“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицската партија обвинуваат дека министерот за здравство не е способен да набави вакцини.

„Филипче наместо да си прави промоција со измислени работи, треба да трча по вакцини. Речиси три илјади лица се починати, колку ќе беа спасени ако имаше вакцини“, се додава во реакцијата во која се бара оставка од министерот.