ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на Николовски зема кеш без да издава фискални, а УЈП трет ден молчи и не реагира

Сања Лукаревска трет ден молчи и не реагира за скандалот со кеш наплатите на фирмата на братот на Љупчо Николовски „Лариком Импекс“, која зема кеш без да издава фискални сметки, што е целосно нелегално и подлежи на казна, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но казна е мисловен поим кога станува збор за фирми од власта. Секој друг граѓанин да го направеше делото кое го направил братот на Николовски, до сега ќе го посетеа сите инспекции, ќе платеше казни, и ќе беше затворен. Дали Сања Лукаревска молчи и мисли дека случајот со нелегалната наплата на Лариком Импекс ќе се заборави? Дали институциите под раководство на СДСМ свесно молчат? Тие треба да знаат дека со нереагирање прават криминал, за кој ќе одговараат. А Љупчо Николовски наместо да се крие во Влада, да покаже доблест и да си даде оставка, како институциите ќе можат да фо истражат случајот до крај, без да трпат притисоци од Николовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека истовремено ја повикуваме и ДКСК веднаш да отвори случај против Николовски и да се утврди дали „Лариком Импекс“ работела нелегално заради политичка заштита од Љупчо Николовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.