ВМРО-ДПМНЕ ги дементира наводите на „Цивил“

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите на така-наречената невладина организација Цивил.

„На никого во оваа држава не му е забрането да има политички став, да критикува и да полемизира. Но никој не може да си дозволи грубо да измислува и да лаже и да нанесува штета на трет. За тоа секој треба да си ја понесе сопствената одговорност“, сметаа од партија, од каде појаснуват дека

таканаречената невладина организација Цивил грубо излажа, а новинарот Геровски преку своите медиуми Плусинфо и Слободен печат, тоа го злоупотреби и искористи за партиска пресметка со ВМРО-ДПМНЕ.

„И едните и другите се финансирани со пари од СОРОС. И едните и другите работат на агендата на СДСМ. Тоа се факти и вистина која нам не ни смета, но цениме дека граѓаните треба да ја знаат“, велат од партијата.

Желбата на Геровски и на Цивил да го сокријат фактот дека се финансираат од исто купче на пари говори за нивните скриени намери и агенди. Ниту едното е професионално новинарство, ниту другото е невладин граѓански активизам. Двете се само партиски испостави на СДСМ, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие сметаат дека заради вакви партиски злоупотреби на новинарството и граѓанското општество им се нанесуваат несогледливи штети. Порачуваат дека не е нормално да се криете зад едното или другото, да лажете и да нанесувате штета над другите, а да не сакате да понесете одговорност.