ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште девет кандидати за градоначалници

Генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски истакна дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му ги предложи на Централниот комитет следниве кандидати за градоначалници:

За Прилеп, актуелниот градоначалник Марјан Ристески.

За Брвеница, Стојан Тодоровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

За Демир Капија актуелниот градоначалник Трајче Димитриев.

За Новаци, Лазар Котевски, досегашниот градоначалник.

За општина Ѓорче Петров, екс-министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

За општина Гостивар, Дафина Стојановска.

За Тетово, Горан Манојловски, пратеник.

За Радовиш е предложен актуелниот градоначалник Сашко Николов.

За Вевчани, Светомир Угриновски.

ВМРО-ДПМНЕ и на локално и на централно ниво секогаш потврдила дека тоа што го ветила, тоа и ќе го исполнила. Со локалните избори почнува падот на оваа неодговорна власт, порача Мицкоски.