ВМРО – ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да откријат од каде се снимките

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор, стои во соопштението што вечерва го испрати оваа партија.

– СДСМ очигледно се во паника зашто се фатени живи. Вакви штури соопштенија и површни објаснувања нема да го исперат срамот на Зоран Заев.  Кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби, има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот и законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира, соопшти ВМРО – ДПМНЕ.