ВМРО-ДПМНЕ ѝ ги предаде на Владата контактите за набавка на гас и мазут

Обврските што го имаше ВМРО-ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите и договорени се средбите после кои Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут, информираа денеска од опозициската партија.

Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски вчера со својот тим имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски и владиниот тим во врска со планот за излез од економската криза. Контактите требаше да ги прими министерот за економија Крешник Бектеши.

-Веднаш после оваа средба ќе ги контактираме нашите позиции, ќе ги пренесеме контактите до министерот Крешник Бектеши и од тој момент понатаму очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи. Односно да обезбедиме евтин ресурс со кој што ќе можеме да обезбедиме евтина струја односно поевтина од таа што е на берзите, а со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на држават, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.