ВМРО-ДПМНЕ го достави новиот предлог-закон за докторска дејност до повеќе лекарски здруженија

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ сакаме да ја информираме јавноста дека денеска го доставивме новиот предлог-закон за докторска дејност до повеќе лекарски здруженија во Македонија кој беше поднесен до Собранието, соопштија во петокот од најголемата пратеничка група.

Предлог-законот за докторска дејност е доставено до следниве лекарски здруженија во Република Македонија:

Македонско лекарско друштво
Здружение на приватни лекари на Македонија
Лекарска комора на Македонија
Здружение на офталмолози на Македонија
Здружение на приватни гинеколози и акушери на Македонија
Здружение на лекари по општа и семејна медицина
Здружение на педијатри на Македонија
Здружение на патолози на Македонија
Здружение и комора на Радиолошки Технолози на Македонија
Македонско здружение по кардиологија
Здружение на лекари од Охрид
Стоматолошка комора на Македонија
Здружение на физијатри на Р. Македонија
Македонско здружение по урологија
Македонско здружение за медицинска биохемија и лабораториска медицина
Mакедонско здружение за радиологија на дојка
Психијатриско здружение на Р.Македонија
Научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на Р. Македонија
Здружение за максилофацијална хирургија
Здружение на инфектолозите на Македонија
Македонско респираторно здружение
Со овој предлог-закон за докторска дејност се предвидува вреднување на докторскиот труд односно се утврдува висината на платата преку колективен договор, којашто би ја земале специјалистите и општите доктори од примарното, секундарното и терцијалното здравство. Конкретно, платата на докторите специјалисти се предвидува да изнесува четири ипол просечни плати или 100.000 денари, додека, пак, платите на општите доктори да изнесува две ипол просечни плати односно 56.000 денари плата.

Предлог-законот за докторска дејност од ВМРО-ДПМНЕ го доставиле до лекарските здруженија како би имале можност и тие да дадат свој придонес и затоа очекуваатнивни сугестии, идеи и предлози со цел да се задоволат и усогласат барањата и потребите на лекарската фела во нашата држава.

Нивната идеја како подносители и предлагачи на овој закон е во наредниот период да остварат директни средби со претставниците од повеќе лекарски здруженија со цел да излезат в пресрет на потребите на лекарската фела во Република Македонија.

Во изјавата на претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се потенцира дека партијата и Коалцијата „За подобра Македонија“ покрај овој позитивен предлог закон и досега искрено и напорно работеле и реализирале „огромен број мерки во здравството оздравствените работници, како што се мегапроектот за набавка на современа медицинска опрема, реконсктрукција на постоечки и изградба на нови здравствени објекти, стручна доедукација на кадрите“ и уште многу други мерки со кои значително се унапреди здравствениот систем и се подигна квалитетот на услугите во здравството во Република Македонија.