ВМРО-ДПМНЕ го започнува процесот на кадровското освежување

ВМРО-ДПМНЕ го започнува процесот на кадровско освежување и прочистување на партиските редови, како што неодмана најави лидерот Христијан Мицкоски.

Во овој контекст, врз основа на неодамна донесениот Статут на партијата, распишани се два јавни повика. Едниот се однесува на избор на претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани на партијата.

Огласите се активни до 15.08.2020 година, деталите околу огласот се содржани во јавниот повик.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите членови на партијата кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да дадат свој допринес во борбата за подобра иднина на земјата и најавуваат дека „освежувањето“ на партиските редови ќе следува во наредниот период.

 

Во прилог се двата јавни повика, како и потребната апликација во електронска форма.

Во прилог ги испраќаме двата јавни повика, како и потребната апликација во електронска форма.