ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги препознаваат лагите на Заев

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат во понеделникот дека народот ги препознава лагите на премиерот Зоран Заев кој живее во минатото и дебело ќе загуби.

„Заев петгодини оди низ Македонија и ги лаже граѓаните. Истите ветувања кои што ги даваше на претходните избори повторно ги дава сега. Заев во 2016 и 2017 ветуваше гасификација, гасификација нема, но затоа повторно ја ветува. Нема место каде што Заев не ветуваше водоводи и канализации, и повторно за истите места Заев пак ветува водоводи и канализации. Четири години ништо не направиле малите зоранчиња, негови градоначалници. Заев гледа дека дебело ќе загуби и затоа е нервозен. Затoа Заев навредува и шири говор на омраза“, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Заев нема решение за ниту еден проблем, затоа што тој е проблемот.

„Заев четири години ги лаже земјоделците, лозарите, јаболкарите, овоштарите, оризарите сите мака мачат со продажба на произведеното. Цените кои им се нудат не се доволно ниту трошокот да го покријат, а не пак да им остане нешто за егзистенција. Народот пати. Половина милион луѓе се на раб на егзистенција со по 150 денари на ден, а Заев вози БМВ од 100.000 евра. Тоа е болната реалност. Со Заев не може напред. Тој е заглавен во минатото се бори со замислени противници, со него Македонија ќе тапка во место. Потребни се промени. А тие промени ги предводи ВМРО-ДПМНЕ и на 17-ти октомври ќе дојдат. Време е да создадеме нова иднина“, велат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.