ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДСМ да ги пренаменат парите од новогодишно украсување за болнички возила

Болниците немаат болнички возила, хронично болните немаат вакцина против грип, а болните од КОВИД 19 треба сами да си плаќаат терапија на приватно, но затоа општините ширум Македонија, со кои управуваат кадри на СДСМ се расфрлаат со илјадници евра за новогодишно украсување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Само општина Охрид распишала тендер за изнајмување на монтажна опрема за новогодишно украсување во висина од над 21 илјади евра. Тоа е половина болничко возило, неколку терапии за КОВИД 19 или илјадници вакцини против грип. Иста е ситуацијата и со општина Гази Баба, која ќе се украсува за над 14 илјади евра, во време кога пациенти примаат инфузија во двор на болница, велат од партијата.

– Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје повика парите за украсување на градот да се пренаменат за борба против КОВИД 19, Шилегов одби, а по неговите стапки одат сите градоначалници од СДСМ.
Доколку СДСМ имаше барем малку разум, и не гледаа политички на се, со парите за украсување ќе се купеа десетици болнички возила и други потребни материјали за болниците со цел справување со КОВИД19.
Затоа уште еднаш ги повикуваме градоначалниците да ги пренаменат парите од новогодишно украсување за болнички возила. Доколку не делуваат разумно. СДСМ уште еднаш ќе покаже дека не мислат за граѓаните, туку само за нивните политички поени, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.