ВМРО-ДПМНЕ: Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки

60

Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сметка од околу 30 илјади денари за еден ден направил командирот на противпожарната единици поставен од Шилегов, а како причина навел прослава за купување на противпожарната скала, тоа е истата онаа скала која град Скопје ја купи 1.7 милиони евра, односно двојно поскапо од град Загреб. Сметки скапи во сред кампања по кафани правела и Љубица Јанчева, која на 22 октомври во елитен ресторан на Кејот на Вардар потрошила 39.700 денари, велат од партијата.

Од таму додаваат дека функционерите на СДСМ трошеле на телешки бифтеци, морски плодови и разни други скапи специјалитети. Со парите на народот се плаќа луксузот на функционерите од СДСМ. Сега веќе не можат на грбот на скопјани да се гоштеваат по кафеани и затоа е паниката и нервозата во нивните редови кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.