ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните избраа правда и правдина и гласаа против пеколот и бедата кои ги донесе СДСМ

Власта на СДСМ и Зоран Заев е делигитимирана. Граѓаните гласаа за промени и го најавија неизбежниот пад на оваа ненародна и криминална власт, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните на Република Македонија избраа правда и правдина и гласаа против пеколот  и бедата кои ги донесе СДСМ, а беа најавувани како живот. Народот ја казни власта за сите криминали, корупцијата, непотизмот и сите  нереализирани ветувања. Народот  јасно даде до знаење дека не сака повеќе државата да ја водат функционери чии бизниси криминално се шират на грбот на граѓаните. Граѓаните покажаа дека не сакаат повеќе економија која стагнира, узурпирано здравство, уништено образование, заробени институции и власт која не е способна да донесе проекти и инвестиции кои ќе значат подобра иднина за државата. ВМРО-ДПМНЕ победи во најголем број на општини и покажа дека е вистинскиот избор кој може да ги донесе промените. Граѓаните го препознаваат тоа и затоа во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ доби 60.000 гласови повеќе, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните порачаа дека Република Македонија повеќе не смее да тоне и уназадува.

-Не успеаја уцените, заканите и притисоците на Зоран Заев, македонските граѓани му се спротиставија на деспотот и веќе започна крајот на криминалниот картел на власт. Граѓаните порачаа дека Република Македонија повеќе не смее да тоне и уназадува. Државата заслужува право и правдина, затоа предвремените парламентарни избори се неизбежност.  СДСМ мора да си замине, за Република Македонија и граѓаните конечно да почнат да одат напред, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.