ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не подлегнаа на провокациите за дефокусирање од протестите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се приклучија на протестот на „Македонија блокира“ што почна средата во 12 часот, лидерот Христијан Мицкоски порача дека партија нема да учествува на седницата за уставни измени која е презакажана за во 16 часот.

Откако претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите, рече дека се е кажано во неговиот прес и не сакаше да даде изјава пред Собранието, по што се појавија гласини дека Мицкоски одбил да даде изјава.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ останува на барикадите и не сака да ја злоупотреби говорницата, тоа што имало да го кажат го кажал претседателот Христијан Мицкоски преку изјава за медиумите.

„ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на граѓанскиот протест пред Собрание против насилните уставни измени и самиот протест е реакција на насилната акција на власта за носење на уставните измени, и самиот собир ВМРО-ДПМНЕ нема да го злоупотреби во тесно партиски цели“, велат од опоициската партија.

И покрај уфрлените елементи кои сакаат да го дефокусираат самиот протест граѓаните покажаа достоинство и не подлегнаа на поединечните провокации. Тоа преставува изолиран и очаен обид на власта да го пренасочи вниманието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес јасно го изрази својот и ставот на партијата дека ВМРО нема да поддржи уставни измени и нема да даде легитимитет на нешто што нема легитимитет од народот. Во текот на утрешниот ден Мицкоски во својство на еден од многте граѓани ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.