ВМРО-ДПМНЕ: Христос ја победи смртта и ја врати надежта меѓу луѓето

Велигден е најголемиот христијански празник, денот кога Господ бог Исус Христос ја победи смртта и ја врати надежта меѓу луѓето, се истакнува во честитката на ВМРО-ДПМНЕ со која на сите православни верници во Македонија партијата им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Од партијата посакуваат на граѓаните им посакаа многу радост, мир, спокој и здравје.

„Христовото Воскресение на сите нам ни подари вечен живот, за ние животот да го славиме со чиста душа и добра мисла и што е најважно да си помагаме еден со друг.

На овој голем ден учењето Христово нека ни биде ѕвезда водилка за да ги поминеме овие тешки моменти во кои се наоѓа нашата држава, но и целиот свет. Само со вербата во бога, љубов кон човекот, обединетост и сплотеност можеме да се изидгнеме пред искушенијата кои се пред нас“, се наведува меѓу другот во честитката.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека религијата и вредностите коишто таа им ги дава на луѓето ја даваат  силата да се продолжи натаму и претставуваат најголемото богатсво која еден народ со вековна традиција може да ја има.