ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Мицкоски беа предмет на уцени и притисок од Kатица Јанева

„Рекетарите од власта се уште молчат и се обидуваат да ги заташкаат народски кажано најважните факти кои што треба да дадат одговор, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Катица Јанева заедно со нејзиниот син Лазар Јанев и Боки 13 рекетирале, уценувале и вршеле притисоци врз бизнисмени и политичари. Впрочем и самата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Мицкоски беа предмет на уцени и притисок од самата Катица Јанева. За тоа како што рековме има и сведок кој може да посведочи доколку биде повика претседателот во обвинителството. Боки 13 заедно со врвот на власта, со врвот на СДСМ преку најблиските соработници на Зоран Заев кои ја уживаат доверба на Зоран Заев и безрезервна поддршка во се како што има и самиот Заев кажувано за своите соработници во интервјуата, се стекнале со изнуден рекет во вредност од десетици милиони. Засега, СДСМ и Заев по цена на штета на сите граѓани, ги кријат и се обидуваат да ги заташкаат раководните луѓе од врвот на СДСМ што рекетирале преку СЈО или таканаречените Кики и Фрики кои што се уште им го кријат идентитетот. Дали затоа што и Зоран Заев знаел и затоа тој самиот ги штити бидејќи со негова дозвола рекетирале?, прашува Арсовски.

Тој прашува и каде е Катица Јанева и дали е направен распит на нејзе и на нејзиниот син? Што се е откриено во телефонот на Катица Јанева и дали навистина другиот телефон го фрлила низ прозор при запленувањето на првиот. Доколку не е фрлен низ прозор и е изгубен или оставен во Белград како што тврди нејзиниот син и што се имало во него, под претпоставка дека може да е најден од органи на друга држава и зошто Катица Јанева не го пријавила истото во моментот кога го изгубила телефонот? Зошто Катица Јанева и син и кои се дел од рекетирањето се уште не се во притвор за да не може да влијаат врз сведоци во постапката?

-Зошто не се соопштува колку прислушувани и снимани разговори таканаречени бомби се најдени кај рекетарите наменети за приватни цели и дали истите тие во моментот се уште кружат и се пуштени во промет за да може и други луѓе да ги рекетираат истите луѓе кои што биле предмет на уцена? Ниедна глума на Заев не може да го испере од криминалот во кој е вмешан до гуша. Заев е главата на овој рекетарски октопод и антипод на борец против криминалот и корупцијата. Зоран Заев и СДСМ кои што се мозоците на оваа афера за рекетирање за што предупредувавме одамна дека СЈО служи и е направено, веднаш треба да си поднесат оставки и да распишат предвремени парламентарни избори, за да може граѓаните да ги тргнат од власт, вели Арсовски.