ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по 47 пратеници, Левица влегува во парламентот со два мандата

На гласањето во средата резултатите покажуваат дека 47 пратеника оссвојува ВМРО-ДПМНЕ, а 47 пратеника СДСМ, според последните пресметки на ВМРО-ДПМНЕ за бројот на пратенички места освоени според гласовите на вонредните  парламентарни избори.

Според нивните резултати во парламентарниот состав влегуваат и ДУИ со 13, Алијанса со 10, Левица со 2 и ДПА 1 пратеник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.