ВМРО-ДПМНЕ: Иднина со СДСМ е иднина на неизвесност, несигурност и немаштија

Народот ќе одбере иднина, ќе ги порази СДСМ – најдобрите во криминал и корупција, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Народот сака Македонија да тргне напред. Да има нови инвестиции, да се отвораат нови работни места, да се воспостави систем на владеење на правото, сите да бидат еднакви пред институциите. Народот сака градоначалник кој е еден од нив.

Гарантираме над 14 илјади проекти. Гасификација, нови училишта, градинки, паркови и 2000 нови или реконструкција на стари улици.

Народот не сака да продолжи агонијата од изминативе 4 години.

4 години имаме само лаги, еден проект не е направен. Заев и неговите кандидати з градоначалници со ароганција се фалат дека се најдобри, а народот добро знае дека тие најдобри може да биде само во криминал, корупција и неработа.

Иднина со СДСМ е иднина на неизвесност, несигурност и немаштија.

Народот ќе избере промени. Народот ќе избере промени и проекти за подобра иднина.

Да создадеме нова иднина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.