ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план како да ја однесе Македонија до почеток на преговори и преговори за членство со Европската Унија, вели Николоски

-Нашиот став е јасен, а тоа е дека сме против уставни измени, еве нека ги поднесат во Собрание и ќе видат како ќе поминат. Апсолутно ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ист и е непроменет, како раководство покажавме дека имаме конзистентен став кој не го менуваме секој ден како што тоа го правеле некои претходно или го прави актуелната Влада. Ставот е јасен, цврст и непоколеблив а тоа е дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени и никој од нас на изборите во 2020-та година не вети дека ќе прави уставни измени“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план како да ја однесе Македонија до почеток на преговори и преговори за членство со Европската Унија.
„Тој план има 3 столба, тие се Национален, Политички и Финансиски столб. Националниот се однесува на национално издигнување на македонскиот народ, политичкиот е во насока на заштита на македонскиот идентитет и македонскиот јазик и финансискиот е пред се напредок и бенефит на граѓаните во она што ги интересира а тоа е подобар животен стандард“, посочи Николоски.
Николоски е дециден дека трите столба кој го имаатводат до почеток на преговори со Европската Унија и до успешно водење на тие преговори.
Рече и дека за да се реализираат овие три столба потребно е прво да се случат предвремени парламентарни избори на тие предвремени парламентарни избори ние детално ќе ги презентираме овие позиции кои сега ги споменувам и ќе направиме една детална презентација на целокупната идеја на ВМРО-ДПМНЕ.
„Како што е јасно дека една од причините поради која Македонија не почнува почеток на преговори секако е тоа што Бугарија се противи на таа работа, но втората причина е високото ниво на организиран криминал и корупција. Постојат неколку исклучително моќни земји членки на Европската Унија кои се против почеток на преговори на Македонија со Европската Унија не заради бугарските условувања, не заради грчките условувања претходно туку затоа што сметаат дека во Македонија има превисоко ниво на криминал и корупција истото што го гледа и смета народот. Овие држави сметаат дека Македонија не е спремна да почне преговори за членство во Европската Унија заради високото ниво на криминал и корупција“, изјави Николоски.