ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за борбата со Ковид, но Талат Џафери ја кочи седницата за избор на експертска комисија

36

Вечерва во вонредната емисија на „Инфомакс” потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека во последниве денови постои еден мисменаџмент и една стихија и нема стратегија за справување со ковид кризата. Медицинскиот персонал, сестрите, докторите., навистина се борат но, власта предводена од СДСМ нема вистинска стратегија.

-ВМРО-ДПМНЕ има стратегија. И ние предложивме закон кој што се чува во фиока во Собранието на Република Македонија. И намерно од Талат Џафери не се продложува седницата. Со тој закон ние предлагаме да се формира една експертска комисија која ќе биде составена од најдобрите експерти во државата. Нема да бидат предложени од политички партии, туку од оние кои најдобро ја познаваат оваа проблематика. Немаме имиња затоа што тоа е и целта на ВМРО-ДПМНЕ тие членови да бидат надпартиски. За да не ги контролираат партиите. Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да има политика таму каде што се работи за здравјето на луѓето. Тоа ниту е моја работа ниту на Зоран Заев, кога ќе има или нема да има карантин или други мерки. Тоа е работа на експертите. Во целата оваа ковид криза, на тие таканаречени експерти, Заев е тој што им диригира политички одлуки кои што соодвествуваат на неговите политички барања. Познато е дека Заев не воведува полициски час само за да се спроведат предвремените избори во Штип. Кој што самиот ги предизвика и на кои самиот учествува, посочи Николоски.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема да оди на избори по секоја цена и нема да го става здравјето на граѓаните на коцка. Ние не сме Зоран Заев, порача Николоски.

-Не сме сите исти. На едната страна се Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Никола Димитров, Љупчо Георгиевски – гробарите на Македонија во изминатиот период, на другата страна сме ние кои немаме црни дамки позади себе и кои што сакаме да направиме нешто за државата, дециден е Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.