ВМРО – ДПМНЕ: Изгубениот Манчевски не успеал да разбере дека во нивната програма во првата година од новиот мандат ветуваа реализација на Дигитална агенција

Изгубениот министер во заминување Дамјан Манчевски, кој го критикуваше проектот на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Дигитална агенција и тврдеше дека истиот е застарен и реализиран, не успеал да разбере дека во нивната програма на страна 200 во првата година од новиот мандат се ветува реализација на Дигитална агенција. Оттука е целосно разбирливо зошто министерот во заминување не може да ја разбере концепцијата на програмата за дигитална трансформација на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од комисијата за информатичко општество, телекомуникации и АВУ на ВМРО – ДПМНЕ.