ВМРО-ДПМНЕ ја достави интерпелацијата за Владата

ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ја достави интерпелација за Владата на премиерот Зоран Заев, потврдија од партијата за телевизија „ТВ21“.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев ја доставил интерпелацијата, но поради празникот не даде изјава за медиумите. Тоа претходно го направи лидерот на паријата, Христијан Мицкоски по утринската литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ . Тој рече дека во текот на денов ќе биде доставена интерпелацијата.

Се надевам дека среда ќе биде денот кога ние ќе можеме да ги аргументираме нашите позиции. Така е и според деловникот во Собранието. Очекувам на крај на денот да се изгласа недоверба на Владата и да можеме понатаму да видиме како ќе ја развиваме Република Македонија, да организираме предвремени парламентарни избори и се што оди со тоа, рече Мицкоски.