16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ВМРО-ДПМНЕ ја избра професорката Силјановска за кандидат за претседател

Таа во својот говор посочи дека сега не е потребен бојкот, туку дека мора да се излезе на претседателските избори. Бојкот ќе значи само на сегашното место да седне Талат Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ го избра својот кандидат за претседател на државата.

Со 408 гласа, професорката Гордана Силјановска Давкова делегатите ја избраа за кандидат за прењтседател на партијата.

-Гласањето се спроведе во најдобар можен ред, се гласаше фер и демократски, со што го добивме идниот претседател на Република Македонија, велат од партијата.

Гласаа вкупно 519 делегати.

Таа во својот говор посочи дека сега не е потребен бојкот, туку дека мора да се излезе на претседателските избори. Бојкот ќе значи само на сегашното место да седне Талат Џафери. Шанса да се смени уставот и претседателот да се бира во Собранието на Република Македонија, што е погубно за земјата – трите власти да и припаднат на една партија, посочи таа.

-Сигурна сум дека мојот глас во овие две години допре до луѓе кои можеби никогаш не гласале на избори, биле аполитични, неутрални или до луѓе кои биле членови на некоја партија која е на власт, но сфатија дека има нешто посилно од партијата и од привилигиите дека тоа е Македонија. Ова е вистинскиот момент да се делигитимира власта која создаде хибриден режим во кој Македонија стана скандалозна земја – додаде професорката, која вели дека не верува дека секоја цел може да оправда секое средство. Само македонскиот народ заради Македонија може да биде највисоката цел.