ВМРО-ДПМНЕ: Како синот на Заев стана најмладиот енергетски магнат на 18 години?! А неговите ворсници не можат да соберат пари за факултет

Како синот на Заев стана најмладиот енергетски магнат на 18 години?! А децата на негова возраст не можат да соберат пари за факултет, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Кое искуство и знаење го има синот на Заев со неговите 18 години да продава струја, што е милионски бизнис, ако тоа не е параван зад кој стои лично Заев. Дали Заев го фрла во оган и сопствениот син, со тоа што му основал фирма за дејност за која е потребно специфично знаење, и дали всушност работата ќе ја води тој од позадина? Зошто Заев се крие зад синот? Кои се причините за стравот на Заев и дали преку децата сака да ги пере парите од матните тендери? Кои фирми ќе се јават како клиенти на фирмата на синот на Заев и дали тие ќе бидат принудени на соработка? Дали клиентите кои ќе ги има фирмата на синот на Заев ќе бидат и фирми кои добивале повластици од владата? Прашуваат од опозициската партија.

Ја повикуваме ДКСК одблизу са го следи случајот со фирмата на синот на Заев, кој можеби е параван за самиот Зоран Заев, човекот кој ќерката сакаше да ја трампа за остров, сега можеби се крие зад сопствениот син, додаваат од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.