ВМРО-ДПМНЕ Карпош денеска излегува на протест за развивање на еколошка свест

„Почитувани, Ве известуваме дека денес (25.12.2020) со почеток во 16:30 часот, на раскрсницата на булевар „Партизански одреди“ кај Сити Мол ќе се одржи собир на граѓани/ протест во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош“, стои во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Повод за овој собир е амандманот поднесен во Собранието на Република Македонија за развивање на еколошка свест“, велат тие.