ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од повикот за протест на Митко Јанчев

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци во целост се оградува од повикот за протест пред седиштето на партијата испратен на полноќ од страна на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

„Наместо полноќни статуси на Јанчев сметаме дека местото за протест е онаму каде седи причината за сите проблеми на граѓаните, а тоа е Владата на Зоран Заев. Оттука ВМРО-ДПМНЕ како партија која се бори против политиките на Зоран Заев кои нанесуваат штета на државата очекува свој придонес во падот на оваа власт да даде и Митко Јанчев. За сите негови останати размисли ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија со легитимно избрано раководство и постојат начини и процедури тоа да биде дискутирано“, порачуваат од партијата.