ВМРО-ДПМНЕ Комисија за финансии:

Буџетот е во катасастрофална состојба, влошена е буџетската структура за поткуп на гласачкото тело велат од Комисијата за финансии на ВМРО ДПМНЕ.

Влошена структура на Буџетот за поткуп на гласачкото тело!

Од денешниот Извештај за реализација на Буџетот на Македонија, а заклучно со Јули 2019 година, ги потенцираме следниве проблеми:
– Инвестициите се далеку од планот…ама затоа задолжувањето врз наш грб оди добро!
– Буџетот е во катастрофална состојба!
– Профитот на фирмите и понатаму опаѓа, а доказ за тоа е намалениот платен Данок на добивка. Од почетокот на 2019 година, во месец Јули имаме историски најниска сума на Данок на добивка, нема да најдете друг полош месец. Толку е лош месецот и целата 2019 година што заклучно со Јули 2019 процентот на прибран Данок на добивка е 48%. Ситуацијата е алармантна, за 7 месеци имаме прибрано 48%, што значи до крај на годината веројатно ќе ги промашиме проектираните суми за околу 10%. Целокупно приватниот сектор реагира со контракција кон сите моментални случаи на корупција, политичката нестабилност и немањето владеење на право.
– Тековните расходи се високи, а тоа придонесува структурата на Буџетот да се влошува и да се загрозуваат основните функции на државата.
– Власта си ги вработува партиските послушници во администрацијата, заклучно со Јули 2019 плаќаме 135 милиони денари повеќе за плати и надоместоци наспроти потрошената сума за плати и надоместоци во Јануари 2019та.
– Капиталните трошоци, односно општо познати како капитални инвестиции, повторно се на дното со 1 милијарда денари за Јули 2019. Целокупно секој месец Јули од владеењето на СДСМ е со катастрофални резултати. Колку за споредба, во 2009 година, која е позната како година на економска криза, во месец Јули 2009 година се инвестирани 1 милијарда денари. Честито нека ни е, повторно сме вратени во година на економска криза.
– За првите седум месеци од 2019 заклучно со Јули, реализирани се 24,5% односно 100
милиони евра од планираните капитални инвестиции. Основата на економскиот раст и развој е во капиталните инвестиции, а на Македонија очајно и недостигаат. Министерот Сугарески и неговиот шеф Зоран Заев јавно говорат дека инвестирале 500 милиони евра во патишта, па ние еве јавно ги прашуваме кои се тие 500 милиони, каде ги виделе тие 500 милиони евра, бидејќи сите ние останатите граѓани на Македонија гледаме во официјалниот извештај на Министерството за финансии во кои вели дека 2019 година до сега е катастрофа, а заклучно со Јули месец потрошени се 100 милиони евра во капитални инвестиции. Сите проекции говорат дека 2019 година ќе заврши уште полошо од 2018 во однос на капиталните инвестиции, а за потсетување е дека 2018 година беше најлошата година во период од 10 претходни години.
– За долгот, жалосно е што се прави со истиот. Долгот апсолутно се зголемува и апсолутно врз грбот на народот. За првите седум месеци од годината погоре кажавме дека се потрошени 100 милиони евра во капитални инвестиции, а државата се задолжила за нови 150 милиони евра. Тоа покажува дека државата се задолжува непродуктивно, дека парите кои идните
генерации ќе ги враќаат, оваа власт си ги троши расипнички. Нема ништо домаќинско во работењето на оваа власт, само расфрлање.

Комисијата исто така потенцира дека Владата се задолжува непродуктивно и дека нема никакви резултати од таквото задолжување.