ВМРО-ДПМНЕ: Костадин Костадинов од голтар до скапи мотори, часовници и станови преку функција и СДСМ

Костадин Костадинов од голтар до скапи мотори, часовници и станови преку функција и СДСМ. Костадин Костадинов има скромен анкетен лист, но постојано е опкружен со скапи ствари кои не се наведени во неговиот анкетен лист. Костадинов го видовме со скап часовник Гармин, кој вреди над 70.000 денари, кој не е пријавен како негов имот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Костадинов како свој имот не го пријавил ниту скапиот мотор Дукати од 20.000 евра, кој го возеше во сред пандемија додека сите беа затворени во своите домови.

– Костадинов во анкетен лист не го ставил ниту станот во комплексот Џевахир, каде тој и живееше додека беше пратеник. ДКСК не одговори дали Костадинов е еден од функционерите на кои мислеше Билјана Ивановска кога кажа дека имаат имот кој не е на нивно име, туку е заведен на име на други лица? Костадинов е пример исто како и Каевски, Заев и Ковачевски, како од голтар преку функција и СДСМ се станува милионер, се додава во партиското соопштение.