ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски насилно ја одржува власта на „апарати“, но не може да избега од народната казна и од одговорноста

-Ковачевски и СДС ја одржуваaт својата власт на сила и со насилство. Но, колку повеќе вештачки се продолжува рокот на оваа власт толку повеќе расте антивладиното расположение кај народот. Затоа на Ковачевски му требаат патерици од Албанија и Бугарија да си ја потпре својата влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова очигледно ги фрустрира и СДС и Ковачевски, па затоа се толку нервозни. Веќе не знаат од очај каде попрво да вршат притисоци. Почнаа со закани и притисоци врз медиумите, а сега гледаме декa продолжија и со притисоци врз свои членови и пратеници. Сѐ поголем број членови и функционери на СДС гледаат дека агонијата на оваа власт може да се реши на предвремени избори и колку тоа побрзо се случи, толку подобро ќе биде и за Македонија и за СДС. Таквите луѓе во СДС се под закани од посредници, но и директно од членови на подземјето. Тоа е автократското и недемократското лице на СДС и Ковачевски кое го гледа јавноста. Очигледно Ковачевски пати од комплекс на ниска вредност во односот со ДУИ во власта, па затоа манифестира сила врз неговите сопартијци кои не се согласуваат со лошите политики, велат од партијата.

Во партиското соопштение се наведува: Крајот на власт се ближи и никој веќе не им се плаши. Патериците и “апаратите“ може да ја одржат оваа власт уште некое време, но не може да ја спасат од неизбежното, народната казна, катастрофалниот пораз и одговорноста за криминалот.