ВМРО-ДПМНЕ: Кривични пријави против власта за Договорот со Грција и за Законот за јазиците

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против власта за креаторите и потписниците на Договорот со Грција и за Законот за јазиците, најави вчера Александар Николовски, потпретседателот на партијата.

Според Николовски, овие дела не застаруваат, тој смета дека судството и обвинителството нема да одговорат на нивните пријави, но делата сепак не застаруваат некогаш. Тој смета дека „некое независно правосудство ќе мора да ги извади од фиока овие пријави“.