ВМРО-ДПМНЕ: Либертас води на листата за награда од Сорос

203

Од владејачката партија реагираат на написот објавен на интернет порталот Либертас со наслов „Каде исчезна Груевски?“

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е очигледно дека постои трка помеѓу опозициските портали кој повеќе ќе му се допадне на СДСМ и на Сорос.Според нив  трката ја водат новинари кои или имаат политички амбиции или имаат намера да заграбат поголем дел од финансискиот колач кој Сорос и Заев го дели за нив.

„За нас е видливо дека кај овие неколку портали повеќе нема граница што е професионално новинарство, а што е партиско навивање, омаловажување, манипулирање и лажење. Веќе никој не се оптеретува со содржините н нивно демантирање, но како феномен станува интересно да се види каде е дното, дали е допрено или има уште подлабоко“, се наведува во реакцијата

Либертас, покрај силната конкуренција, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, денес води на листата за награда од Сорос. Ако тоа е целта треба да се горди на себе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.