ВМРО-ДПМНЕ: Македонија поради СДСМ стана земја во која цути организираниот криминал и корупцијата

18

Влада во која Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи може да ни гарантира само скандали и владеење на криминалот. Со СДСМ добиваме нерасчистени убиства, мафијашки пресметки по улиците, секојдневни грабежи, пораст на криминалот како и несигурност кај нашите сограѓани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија поради СДСМ стана земја во која цвета организираниот криминал и корупцијата. Македонија стана најкорумпирана држава во која градоначалници од власта се претворија во локални шерифи кои под закрила на институциите шверцуваа цигари или тепаа пак граѓани во своите кабинети. Владата која ја крои Заев е продолжение на времето кога полицијата беше нем набљудувач на прекршувањата на законите од страна на подземјето во коалиција со моќниците од власта, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.